СОВЕТ НА ЕВРОПА

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПЕТТИ ОДДЕЛ

 

КРАЈНА ОДЛУКА

 

ПО ОДНОС НА ДОПУШТЕНОСТА НА

 

Жалбата бр. 62059/00

Од Фатмир СКЕНДЕР

 

Против Република Македонија

 

 

 

 

Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.

 

            Европскиот Суд за човекови права ( Петта секција) заседавајќи на 10 март 2005 година во Совет составен од:

 

Г-дин B.M. Zupančič, Претседател

Г-ѓа J. Hedigan,

Г-дин L. Caflisch,

Г-дин C. Bîrsan

Г-ѓа М.Цаца-Николовска,

Г-дин E. Myjer,

Г-дин David Thór Björgvinsson, како судии,

и г-дин V. Berger, Секретар.

 

Земајќи ја во предвид жалбата поднесена на 12 септември 1998 година,

Земајќи го во предвид Член 5 § 2 од Протокол 11 од Конвенцијата, според кој надлежноста за разгледување на жалбата беше пренесена на Судот,

Земајќи ја во предвид делумната одлука на Судот од 22 ноември 2001 година,

Земајќи ги во предвид обсервациите поднесени од тужената држава и одговор на обсервациите поднесени од страна на жалителот,

Расправајќи, одлучи како што следува:

 

ФАКТИ

            Фактичката состојба на предметот, поднесена од страна на страните, може да биде сумирана како што следи.

 

1.    Историјат на предметот

 

Согласно Законот за основно образование, учениците морале да следат настава во основните училишта во местото на нивното живеалиште. Како и да е, во училиштето сместено во реонот Центар Жупа не биле достапни часови на турски јазик.

Помеѓу септември и 18 декември 1996 година постарата ќерка на жалителот посетувала основно училиште во селото Коџаџик во друг реон каде била обезбедена настава на турски јазик. Како и да е, според жалителот, на 19 декември 1996 година часовите наводно биле прекинати од страна на полицијата и училишниот директор објавил дека на учениците од другите села не им било дозволено во селото Коџаџик повеќе да посетуваат настава.

 

2.    Обезбедување на настава на турски јазик во реонот на жалителот

 

 На 11 јуни 1997 година Министерството за образование и спорт („Министерството„) го одбило барањето на жалителот од април 1997 година да обезбеди образование на турски јазик во Центар Жупа. Било изјавено, inter alia, следното:

„ ... Ве известуваме дека Владата ... [на] 2 септември 1996 година одлучи како што следи:

1.    Министерството за образование и спорт е одговорно за обезбедување образование во основните училишта во Општина Дебар – Центар Жупа во согласност со Уставот и Законот за основно образование.

2.    [образованието во] Македонија не може да биде заменето со [образование на] турски јазик [во Центар Жупа] , поради тоа што децата не зборувале турски јазик пред започнувањето со настава во училиштето.

3.    Министерството ... има обврска да ги извести учениците кои ги бојкотирале часовите ... и да побара од учениците да се вратат на училиште во Центар Жупа каде ќе бидат спроведени специјални часови за да можат да надокнадат со другите.

Министерството за образование и спорт се залага за тоа Вашите деца да посетуваат настава во основното училиште ... во Центар Жупа, во согласност со Законот за основно образование.

 

На 31 август 1999 година Министерството одлучило да обезбеди настава на турски јазик во училиштето во Центар Жупа за учениците чиј мајчин јазик бил турскиот, во согласност со одлуката на Владата од 10 август 1999 година.

На 17 мај 2000 година политичката партија „Лига за демократија„ и здружението на граѓани „Светски Македонски Конгрес„ и „Здружението на Македонци со муслиманска религија во Македонија„ поднеле барање за преиспитување на законитоста на одлуката на Владата од 10 август 1999 година и ретроспективно одлуката на Министерството од 31 август 1999 година. На 5 јули 2000 Уставниот суд ги прогласил одлуките за ништовни поради следните основи:

„ ...

... се чини, inter alia, оспорените акти определуваат дека турскиот јазик бил мајчин јазик на сите ученици кои живеат во општина Центар Жупа ...

5.    Согласно член 48 § 4 од Уставот, припадниците на националните малцинства имаат право на образование на нивниот јазик во основното и средното училиште во согласност со надлежниот закон. Во училиштата каде образованието е на јазик на малцинствата, ќе се изучува и македонскиот јазик.

Следи дека припадниците на малцинствата се образуваат во основните и средните училишта на нивниот јазик и тоа е според судот, нивниот избран јазик, кој го користат во секојдневниот живот. Поради тоа, примената на Уставот, утврдува објективни критериуми за исполнување на правото на образование на националните малцинства на нивниот јазик кој не зависи од субјективната волја на државните органи...

 

Оспорените акти обезбедуваат образование на турски јазик за учениците на општина Центар Жупа кои го користат македонскиот јазик како нивен избор во секојдневната комуникација и со тоа , го изразуваат нивниот национален идентитет и кои не го користат турскиот јазик во нивната секојдневна комуникација и по нивни избор. Поради тоа, одлуките ги надминуваат границите од уставните рамки кои ги определуваат правата на националните малцинства на образование на нивниот јазик (Член 48 § 4 од Уставот) и кои го кочат развојот на намената на образованието – да обезбеди знаење и кои ја повредуваат  содржината на правото на образование, т.е. правото на образование е манипулирано со целта да се промени националниот идентитет на одреден број на ученици во општината. Поради тоа, судот утврди дека оспорените акти не се во согласност со погоре наведената Уставна одредба.

...„

 

 

3.    Упис на постарата ќерка на жалителот во училиште со настава на турски јазик во различен реон

 

На 22 февруари 1997 година жалителот поднел барање за упис на неговата постара ќерка во училиштето во Коџаџик. Со оглед на тоа што не добил одговор, на 20 март 1997 година изјавил жалба до Второстепената Комисија на Владата („Комисијата„). Жалителот не добил одговор.

На 4 јуни 1997 година жалителот повел управна постапка пред Врховниот суд, жалејќи се дека неговата ќерка има право на образование на турски јазик.

На 16 јуни 1997 година училиштето во Коџаџик одбило упис на постарата ќерка на жалителот, со образложение дека местото на живеење на жалителот е во друг реон.

На 8 октомври 1997 година Врховниот суд ја отфрлил тужбата на жалителот поради одлуката на училиштето во Коџаџик да го одбие уписот на неговата постара ќерка.  Во одлуката, inter alia, е наведено:

„ ...

Согласно член 26 § 1 од Законот за управни спорови доколку второстепениот државен орган  не донесе одлука во рок од 60 дена и на повтореното барање на жалителот не донесе одлука во рок од 7 дена, жалителот има право да поведе управен спор.

 

... не може да се утврди од доставените документи дека второстепениот орган примил повторно барање од жалителот ... следи дека тужбата е прерана.

 

Тужбата на жалителот дека Министерството треба да обезбеди образование на турски јазик ... е недопуштена, поради тоа што член 6 од Законот за управни спорови определува дека тужбата може да биде поднесена само поради управен акт, а барањето на жалителот не е управен акт ...„

 

На 28 мај 1998 година жалителот поднел барање до Уставниот суд за поништување на одлука на Врховниот суд од 8 октомври 1997 година. Тој, inter alia, тврдел дека судот погрешно ги извел доказите и дека неговата ќерка била дискриминирана со одлуката на Врховниот суд, бидејќи и бил одбиен пристап до училиште со настава на турски јазик.

 На 17 јуни 1998 година жалителот бил информиран дека Уставниот суд се прогласил за ненадлежен да постапува по предметот. На 9 декември 1998 година Уставниот суд одбил да ги испитува тврдењата на жалителот дека со одлуката на Врховниот суд од 8 октомври 1997 година било повредено правото на неговата ќерка за образование на турски јазик. Истиот, inter alia, утврдил дека:

 

„ ... Врховниот суд не одлучил за уживањето на правото на основно образование на јазикот на националностите, но во процедурални услови ... поведувањето на управен спор, и покрај тоа што таквата одлука не може да има последици во корист или на терет на жалителот ... 

 

... побиваната одлука е процедурална и не ја испитува основаноста и не се однесува на правото на основно образование на јазикот на малцинствата, па поради тоа судот смета дека постојат процедурални пречки да се испитува барањето на жалителот... „

 

4.    Упис на помладата ќерка Д. на жалителот во училиште со настава на турски јазик во различен реон

 

На 18 мај 1998 година, жалителот побарал упис на неговата помлада ќерка Д. во основното училиште со настава на турски јазик во Коџаџик.

На 28 август 1998 година барањето на жалителот било одбиено од страна на директорот на училиштето, од причина што таа живеела во друг реон.

На 31 август 1998 година жалителот поднел барање до Врховниот суд за проширување на тужбата, во врска со неговата помлада ќерка Д.

На 21 октомври 1998 Врховниот суд го информирал жалителот дека не е можно да се прошири тужбата, бидејќи предметот за неговата постара ќерка завршил на 8 јули 1998 година и дека ова барање ќе се смета како нова тужба. Од него било побарано да наведе и достави копија од управниот акт против кого е поднесена тужбата, во рок од 15 дена.

На 6 ноември 1998 година жалителот доставил приговор до подрачното министерство,  за одбивањето на училиштето во Коџаџик да изврши упис на Д.

На 23 декември 1998 година Врховниот суд ја прогласил за недопуштена тужбата на жалителот за одбивањето на училиштето, на основ дека не го исполнил условот за комплетирање на доказите во рокот од 15 дена.

На 1 февруари 1999 година жалителот се жалел до Комисијата дека не добил одговор на неговиот приговор.

На 4 март 1999 година Министерството го информирал жалителот дека истиот треба да изврши упис на неговата ќерка во училиштето на нејзиното живеалиште.

На 15 март 1999 година жалителот повторно се обратил до Комисијата, сметајќи дека ова не било ни одлука ниту пак управен акт и побарал да се донесе одлука.

На 28 април 1999 година, поради не добиен одговор од Комисијата, жалителот поднел тужба за управен спор пред Врховниот суд.

Од 1 септември 1999 година, следејќи ја одлуката на Министерството од 31 август 1999 година, децата во основното училиште во Центар Жупа, чии родители побарале настава на турски јазик, вклучувајќи ја и ќерката на жалителот Д., ја започнале наставата на турски јазик.

На 24 ноември 1999 година, Врховниот суд побарал прецизирање на тужбеното барање.

На 21 ноември 2000 Врховниот суд ја одбил тужбата за управен спор како неоснована, со образложение дека согласно Законот за основно образование учениците биле запишани во училишта согласно нивното место на живеалиште и дека тој бил информиран дека неговата ќерка морала да оди во училиштето во Центар Жупа.

Понатаму, судот се потпрел на одлуката на
Уставниот суд од 5 јули 2000 година со која се поништуваат одлуките на Владата да се обезбеди настава на турски јазик во Центар Жупа.

Основното училиште во Центар Жупа, кое го посетува Д. продолжи со регуларна настава на македонски, албански и турски јазик.

 

Б. Релевантно домашно законодавство и пракса

 

1.    Устав на Република Македонија

 

Член 44 пропишува:

„Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.„

 

Член 48 пропишува:

„Припадниците на националностите имаат право слободно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености.

Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на националностите.

Припадниците на националностите имаат право да основаат културни и уметнички институции, научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.

Припадниците на националностите имаат право на достава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на јазикот на националностите се изучува македонскиот јазик.„

 

Член 110 § 3 ја утврдува надлежноста на Уставниот суд за постапување по барање на граѓани за повреда на нивните права и слободи што се однесуваат на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните на основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност. Член 112 предвидува дека Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот и дека ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.

 

2.    Деловник на Уставниот суд

 

Член 51 утврдува дека лице кое тврди дека е жртва на повреда на едно од правата определени во член 110 § 3 од Уставот има право да поднесе барање до Уставниот суд.

 

3.    Закон за основно образование

 

Член 8 пропишува, Inter alia, дека припадниците на националностите имаат право на образование на својот мајчин јазик. Тие исто така ќе го изучуваат и македонскиот јазик.

Член 45 определува дека основните училишта се должни да извршат упис на  учениците од својот реон. Членовите 46 и 47 определуваат дека родителите се должни да го запишат своето дете во основното училиште и се одговорни за неговото редовно посетување на основното училиште. Основното училиште ќе го информира Министерството за образование и спорт за учениците од неговиот реон кои не се запишани или не посетувале настава без оправдување повеќе од 30 дена.

 

4.    Закон за управна постапка

 

Член 230 пропишува дека може да се изјави жалба против одлука на управен орган до второстепен управен орган во рок до 15 дена.

 

5.    Закон за управни спорови

 

Член 26 § 1 определува дека лице може да поведе управен спор пред Врховниот суд доколку второстепениот управен орган не одлучи по предметот во рок од 60 дена од денот на приемот на одлуката на првостепениот орган, и доколку не одлучи по предметот во рок од 7 дена по повтореното барање на лицето.

 

ЖАЛБА

Жалителот се жалел врз основа на член 14 од Конвенцијата во согласност со член 2 од Протокол 1 дека било одбиен пристапот на неговата помала ќерка во училиште со настава на турки јазик, на основ на неговото место на живеење.

 

ПРАВО

 

Жалителот се жалел дека на неговата помала ќерка и бил одбиен пристап до училиште со настава на турски јазик поради неговото место на живеење, спротивно на член 14 од Конвенцијата во согласност со член 2 од Протокол 1 кој утврдува како што следи:

 

Член 2 од Протокол 1

 

Правото на образование не може да му се оспори никому. При извршувањето на своите активности превземени во областа на образованието и наставата, државата ќе го респектира правото на родителите да обезбедат образование и настава согласно на своите верски и филозофски убедувања.„

 

        Член 14 од Конвенцијата

 

Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција,ќе се обезбеди на сите без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус.

 

1.    Поднесоци на страните

 

Владата изјави дека жалителот не ги искористил домашните правни средства согласно член 35 § 1 од Конвенцијата, поради тоа што тој ја вложил жалбата до Судот во Стразбур пред искористување на постапките согласно домашното право. Тие исто така наведоа дека доколку тој сметал дека неговата ќерка била дискриминирана спротивно на Уставот и членот 14, тогаш тој можел да иницира постапка пред Уставниот суд. Уставниот суд претходно го одбил барањето за неговата постара ќерка, поради тоа што не успеал да ги исполни сите неопходни процедурални формалности. Тие исто така укажаа дека одлуката на  Уставниот суд од 19 септември 2000 година не се однесува на дискиминацијата, туку се бави со постапки иницирани од политички и други организации.

Владата понатаму поднесе дека жалбата на жалителот е поднесена со цел да се обврзе државата да им обезбеди на неговите деца основно  образование на јазикот на нивната националност, на која биле членови. Тие објаснија дека како резултат на политичка одлука основното училиште во Центар Жупа обезбедило образование на турски јазик уште од 1999 година и дека децата на жалителот имале образование на турски јазик, до денешен ден. Поради тоа, неговата жалба е бесмислена.

Жалителот изјави дека во светло на одлуката на Уставниот суд од 5 јули 2000 година немало можност од терање на работата до крај поради тоа што ова имало генерален инвалиден ефект. Тој во секој наврат доставувал жалби во врска со неговата постара ќерка, но оваа постапка се покажала како неефикасна.

Во однос на тврдењата на Владата дека неговите деца посетувале настава на нивниот мајчин јазик –турскиот, тој навел дека овој ангажман бил без законска сигурност поради одлуките на Врховниот суд од 11 ноември 2000 и одлуката на Уставниот суд од 5 јули 2000. Овие одлуки би можеле да се извршат, доколку постои волја на страна на Владата и жалителот навел дека оваа ситуација била незадоволувачка и била потребна законска одлука , а не привремена политичка мерка.

 

2.    Оценка на судот

 

Судот повторува дека член 34 од Конвенцијата бара од индивидиуалниот жалител да тврди дека бил фактички засегнат од повредата која што ја тврди. Овој член не иницира за индивидуите еден вид на actio popularis за толкување на Конвенцијата; не дозволува на индивидуите да се жалат против правото на државата или на друга конкретна одлука in abstracto едноставно поради тоа што тие сметаат дека е спротивно на Конвенцијата. Или пак во принцип, дали е доволно за жалителот да тврди дека самото постоење на законот ги повредува неговите права од Конвенцијата; неопходно е законот да е применет на негова штета (Klass and Others v. Germany пресуда одсептември 1978, Серија А, бр. 28, § 33). Судот прифати дека жалителот би можел да биде потенцијална жртва: на пример, кога не бил во можност да докаже дека законодавството на кое се жали било всушност применето врз него заради тајната природа на мерките, или кога било наредено за враќање по старо (or where an alien's removal had been ordered), а не било извршено, и кога извршувањето би го изложило на третман спротивен на член 3 од Конвенцијата или на повреда на неговите права согласно член 8 од Конвенцијата. Како и да е, заради можноста да тврди дека е жртва во таква ситуација, жалителот мора да претстави разумни и убедливи докази за веројатноста дека ќе се стори повреда која ќе се однесува лично за него; поголем сомнеж или претпоставка не се доволни (види генерално  Senator Lines GMBH v. Austria, Belgium, Denmark, Finland, France, Germany, Greece, Ireland, Italy, Luxembourg, the Netherlands, Portugal, Spain, Sweden and the United Kingdom (одлука), бр. 56672/00, со понатамошните забелешки, конкретно погоренаведената пресуда Klass and Others).

Судот утврдува дека во конкретниот предмет ќерката на жалителот Д. имала основно образование на турски јазик уште од 1 септември 1999 година и дека жалителот не спорел дека таа продолжила со образование на турски јазик без оглед на одлуката на Уставниот суд од 5 јули 2000 година дека обезбедувањето на настава на тој јазик за децата чиј мајчин јазик е македонски било спротивно на Уставот. Поради тоа, невообичаено е што жалителот тврди дека неговата ќерка била жртва на било каква дискриминација во обезбедувањето на образование од тоа време.

Дури и да се претпостави дека би произлегол било каков потенцијален исход на несигурност поради ситуацијата доколку во училиштето во Центар Жупа ќе престане наставата на турски јазик, Судот би потсетил дека жалителот не го постави прашањето за дискриминаторската одредба за едукација базирана на неговото место на живеење пред домашните судови. Неговите жалби во врска со неговата постара ќерка не биле разгледувани по основот поради неговиот неуспех да се потчини на процедуралните формалности поради тоа што тој не ги изнел неговите наводи во врска со Д. пред Уставниот суд, кој бил надлежен согласно член 9 од Уставот да ги утврди жалбите во врска со дискриминација и да го укине или поништи било кој закон или пропис кој бил спротивен на оваа одредба.

Фундаментален принцип, согласно правилото за искористување на домашните правни средства содржани во член 35 § 1 од Конвенцијата, е да жалбите кои се доставени пред Судот мора да се донесени од соодветен домашен орган, најмалку во суштина и согласност со формалните барања содржани во домашниот закон (види  Aksoy v. Turkey, пресуда од 18 Декември 1996, ECHR 1996-VI, §§ 51-52, и Akdivar and Others v. Turkey, пресуда од  16 септември 1996, ECHR 1996-IV, §§ 65-67).

Во конкретниот случај, фактот дека претходното барање на жалителот во врска со неговата постара ќерка било неуспешно на процедурална основа и дека Уставниот суд, по барање на одредени организации, донел неуставна одлука, не може да се смета како индикатор дека барањето во врска со дискриминација во обезбедувањето на образование на турски јазик на основ на живеалиште неизбежно ќе биде неефикасно или неспособно да обезбеди оштета и поради тоа не го ослободува жалителот од барањето неговите наводи согласно Конвенцијата имаат суштина пред соодветните домашни органи, пред да дојде во Стразбур.

Судот заклучи дека жалителот повеќепати не успеал да покаже дека неговата помлада ќерка е жртва на било какви повреди или дека ги искористил домашните правни средства.

Остатокот од  жалбата мора, поради тоа да биде одбиен согалсно со член 34 и 35 §§ 1,3 и 4 од Конвенцијата.

 

Поради овие причини, Судот едногласно

Го прогласува остатокот од жалбата за недопуштена.

 

Vincent Berger                                                    Boštjan M. Zupančič           

Секретар                                                                  Претседател