СОВЕТ НА
ЕВРОПА
ЕВРОПСКИ
СУД ЗА
ЧОВЕКОВИ
ПРАВА
ПЕТТИ
ОДДЕЛ
ЏЕЛАДИНОВ И
ДРУГИ ПРОТИВ
РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
(Жалба
бр. 13252/02)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
10 Април 2008
Оваа
пресуда ќе
стане
конечна во
согласност
со условите
предвидени
во член 44 став 2
од
Конвенцијата.
Истата може
да биде предмет
на
редакциски
измени.
Напомена:
Македонскиот
превод на
текстот на
одлуката на
Европскиот
суд за
човекови
права е исклучиво
информативен
и од него не
произлегуваат
никакви
права и/или
обврски.
Единствено
официјалниот
текст на
одлуката на
Европскиот
суд за
човекови
права на
англиски
и/или француски
јазик,
објавена од
страна на
Судот е
автентичен и
се смета за
оригинал. Не
е дозволено
објавување
на овој
превод на
било каков
начин без
претходна
дозвола од
страна на
Министерството
за правда на
Република Македонија,
освен во
случај
доколку се
користи за
информирање.
Во случајот Џеладинов
и други против
Република
Македонија,
Европскиот
суд за
човекови
права (Петти
оддел),
заседавајќи
во судски
совет во
состав:
P. Lorenzen, претседател
Karel
Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Renate Jaeger,
Mark Villiger,
Isabelle Berro-Lefθvre,
Mirjana Lazarova
Trajkovska,
судии,
и Claudia Westerdiek, секретар
на одделот
Расправајќи
на затворена седница
на 6 март 2007 и на 18
март 2008 година,
Ја
донесе
следнава
пресуда,
усвоена на
истиот датум:
ПОСТАПКА
1.
Постапката
е иницирана
со жалба (бр.13252/02)
против
Република
Македонија
поднесена до
Судот
согласно
член 34 од
Конвенцијата
за заштита на
човековите
права и
основни
слободи
(Конвенцијата)
од страна на пет
македонски
државјани,
г-дин Амди
Џеладинов (првиот
жалител) ,
роден на 23
октомври 1975,
г-дин Дуџихан
Камилов (вториот
жалител)
роден на 2
април 1966, г-ѓица
Ремзие Дурмишова
(третиот
жалител), родена
на 25 март 1977,
г-дин
Дагистан
Алилов
(четвртиот
жалител),
роден на 1
февруари 1977, и
г-дин Мефаил
(Мета)
Асановски
(петиот
жалител)
роден на 24
јануари 1966, кои
живеат во
Штип,
Република
Македонија.
2.
Жалители
беа
застапувани
од Здружението
за заштита на
правата на
Ромите од
Штип и Европскиот
центар за
заштита на
Ромите (ЕРРЦ),
организација
со седиште во
Будимпешта,
Унгарија. Владата
на Република
Македонија
(Владата) беше
застапувана
од нејзиниот
агент, г-ѓа Р.Лазареска
Геровска.
3. Жалителите
се жалеле, во
основа, дека
биле
малтретирани
од страна на
полицијата и
дека не била
превземена никаква
истрага во
врска со
нивните
наводи од
страна на
Јавното
обвинителство.
Тие се повикале
на член 3 и 13 од
Конвенцијата.
4. Со
одлука од 6
март 2007, Судот
ја прогласи
жалбата на
жалителите
во врска со
член 3 и 13 за
допуштена, а
во врска со член
14 за
недопуштена.
5. Жалителите
поднесоа
дополнителни
писмени
опсервации
(Член 59 § 1 од
Деловникот
на Судот).
ФАКТИ
I ОКОЛНОСТИ
НА ПРЕДМЕТОТ
1. Инцидентот
(а)
Верзија на жалителите
за настаните
6. Околу
полноќ на 2
август 1998
година, група
од Роми, кои
го напуштале
ресторанот,
каде биле на
прослава на
ромски сунет,
биле
вклучени во
тепачка со
З.Ш., шампион
во борење,
кој работел
како фитнес
инструктор
за
полициските
сили. З.Ш. ја
известил
локалната
полиција за
инцидентот и
околу 10
полицајци
отишле во
ресторанот
во потрага по
наводните
напаѓачи.
Кога тие
влегле во
ресторанот,
тие наводно
почнале да ги
навредуваат
гостите.
7. Според
жалителите,
тие биле
тепани со
палки и
удирани. Петтиот
жалител
рекол дека
тој бил
грабнат за коса
и тепан по
цело тело;
тој бил врзан
со лисици и
однесен во
полициската
станица каде
бил подложен
на сериозно
малтретирање.
Вториот
жалител исто
така се жалел
дека бил тепан,
и покрај
обидот на
неговата сопруга
да го
заштити. Вториот
и четвртиот
жалител рекле
дека тие биле
одведени во
полициската
станица, каде
биле чувани
неколку часа
и биле тепани
од полицајци,
кои
постојано ги
навредувале
во врска со нивното
етничко
потекло.
8. Третиот
жалител била
во седмиот
месец на
бременост
кога била
тепана во
ресторанот. За
време на
рацијата,
полицијата
била
замолена да
ја однесат во
болница, но
тие одбиле.
Таа некако
успеала да
отиде во
болница, но
докторите
одбиле да ја
прегледаат, кога
откриле дека била
нападната од
полицајци.
Таа кажа дека
била
сериозно повредена
и во тешки болки
во текот на
ноќта.
Следниот ден,
таа била
прегледана во
истата
болница, но не
биле
откриени никакви
повреди или
проблеми.
9.
Беше
укажано дека
20 други Роми
побарале медицинска
помош истата ноќ,
но сите биле
одбиени
поради тоа
што не можеле
да платат за
лекарскиот
преглед.
10.
Следниот
ден, како
одговор на
претходната
полициска
покана,
првиот
апликант
отишол во
полициската
станица, каде
наводно бил
тепан два
часа и бил
навредуван
за сметка на
неговото
етничко
потекло. Тој
кажа дека
шест полициски
офицери го
ударале со
палки и го тепале.
Пиштол бил
држен на
неговата
глава, поради
што тој лажно
признал за
неговата инволвираност
во тепачката
со З.Ш.
11.
Жалителите,
како подршка
на нивната
жалба пред Судот,
обезбедиле
фотографии
од повреди на
нивниот врат,
глава и
задник.
(б)
Верзија на
Владата за
настаните
12.
Околу 23.40, на
2 август 1998
година,
полицајците
на должност
добиле
телефонски
повик, во кој
се укажува
дека 4 Роми
кои
присуствувле
на прослава за
сунет во
ресторан, ја
застанале
колата и физички
го нападнале
шоферот (З.Ш.). Тројца
полицајци
отишле на
лице место.
По
идентификацијата
на првиот
жалителот од
страна на З.Ш. како
присутен
меѓу
напаѓачите,
полицајците
побарале од
него да ја
напушти
групата и да
влезе во
полициското
возило. И
покрај тоа
што
полицајците
не направиле
ништо да ја
провоцираат
групата,
околу 50 до 80
Роми започнале
да маваат со
камења и
шишиња,
предизвикувајќи
повреди на
лицето на еден
од
полицајците.
13.
Со оглед
на тоа што
овие обиди за
смирување на јавниот
ред поминале
неуспешно,
полицајците
употребиле
палки. Откако
толпата била
растурена,
полицијата
повела
неколку луѓе,
вклучувајќи
го вториот и
петтиот
жалител, во
полициската
станица. Откако
биле
распрашани
за нападот
врз З.Ш., вториот
и петтиот
жалител биле
ослободени.
Било утврдено
дека тие биле
во толпата,
но не биле
вклучени во
физичкиот
напад врз З.Ш.
Во полициската
станица врз
нив не била
употребена
сила. Според
лекарските
белешки од
Брзата помош
на Болницата
во Штип, ниту едно
од уапсените
или инволвирани
лица во
тепачката
побарало
медицинска
помош како
резултат на
полициската
интервенција.
Од друга
страна, тројца
полицајци
биле
прегледани и
кај двајца од
нив биле
утврдени
полесни
повреди.
14.
Согласно
медицинските
белешки, на
барање на
трудна жена,
медицински
тим отишол на
лице место и
ја донел во
болницата. Записот
во
медицинското
досие од 3
август 1998
година
покажува
дека една
Сулиманова
Рамизе или
Демирова
Ремзие била
ургентно
примена со
гребаници на
главата.
Двајца
доктори,
хирург и
гинеколог, ја
прегледале и
нотирале во
досието: уреден
наод
тепачка.
Никакви
повреди на
фетусот или
друга траума
поврзана со
бременоста
не била откриена.
На 4 август 1998
година
истите наоди
биле запишани
од страна на
друг доктор
во медицинското
досие на
Сулиманова
Рамизе, која,
било
забележано,
дека често
барала
медицинска
асистенција
во минатото,
поради
повреди
добиени во
тепачка и во
истите тие
ситуаци се
здобивала со
модро око.
Сведок во
инцидентот
изјавил дека
трудната
жена удрила
полицаец со
шише по
главата.
15.
Владата
ја базираше
својата
верзија на настаните
врз основа на
голем број
полициски
извештаи кои
биле
составени
помеѓу 3 август
и 11 септември 1998
година.
2. Документи
во врска со
инцидентот
(а)
Извештај за
примена на
принудни
мерки
16.
На 3
август 1998
година
началникот
на локалната
полиција
составил
извештај во
врска со принудните
мерки кои
биле
употребени
за време на
инцидентот.
Тој гласел, Inter alia, како
што следи:
на 2
август 1998 бил
добиен
телефонски
повик дека
З.Ш. бил физички
нападнат од
група Рома ... Г-дин
С., г-дин А. и
г-дин М.
(полицајци)
дошле на лице
место ... З.Ш. идентификувал
еден од
напаѓачите ...
од кого било
побарано да
влезе во
полициското
возило.
Истото лице
пристапило
без да се
противи ..., но
кога дошло
полициското
комбе ...
толпата ги
нападнала,
започнала да
ги влече
г-дин С. и г-дин
М. ... тие започнале
да фрлаат
камења,
шишиња и
други предмети
врз
полицајците
и
полициското
возило. Осомничениот
побегнал ...
веднаш било
побарано
појачување; 5
полициски
службеници
пристигнале
после 2 или 3
минути ... околу
60 до 80 луѓе
фрлале
камења,
шишиња и
други предмети
...
полицајците
А.Д., М.З. и Н.П.
биле повредени
... Физичка
сила и гумени
палки биле
употребенио
против
неколку Роми
од страна на
полицајците
С.С., А.Д., М.З., С.В.,
Т.Т., Н.П., Б.Р., С.В. и
З.С. ... бидејќи
топлата продолжила
да фрла
камења и
други
предмети на
полицајците
и покрај
предупредувањата
(шест куршуми
испукани во
воздух) ...
(б) Телеграма
од 3 август 1998
година од
локалната
полиција до
Министерството
за внатрешни
работи
(Министерството)
17.
Во
телеграмата,
полицијата
го опишала
инцидентот и
изјавила
дека четири
луѓе , вклучувајќи
го вториот и
петтиот
жалител, биле
донесени на
распит во полициската
станица. Било
кажано дека
тројца
полицајци се здобиле
со мали
повреди во
интервенцијата,
при што
камења и
шишиња биле
фрлани врз полициските
службеници.
(в)
Информација
за мерките
кои биле
превземени
во врска со
инцидентот
18.
Во
документот
од 11
септември 1998
година, штипската
полиција
укажала дека
согласно
изјавата на
сведок,
инцидентот
предизвикал
значителна
вознемиреност.
Еве како
сведокот го
опишал
инцидентот:
мојата
сопруга и јас
бевме
екстемно
растроени
поради
инцидентот и
поради
интензитетот
на нападот на
Ромите, прво,
на шоферот на
возилото (се
мисли на З.Ш.) и
подоцна на
полицајците,
кои не
направија
ништо за да
ја разлутат
толпата.
Едноставно
беше да се
види дивјачката
природа на
напаѓачите, поттикната
од опиена
маса од луѓе
кои славеле
сунет ...
19.
Во врска
со примената
на принудни
мерки, извештајот
гласел, inter alia:
... се смета
дека
употребата
на гумени
палки била
оправдана
поради
следните
причини: [имало]
немотивиран
и брутален
напад на З.Ш.;
надлежните
службеници
биле
спречени да
превземат
официјална
активност,
т.е. идентификување
на извршителот
на
кривичното
дело, и
покрај тоа што
не биле
употребени
никакви
принудни мерки
против
засегнатото
лице или
против некој
друг; животот
и физичкиот
интегритет на
службените
лица бил
доведен во
прашање од
претрпениот
напад, кој
бил способен
да предизвика
огромни
физички
повреди или
фатални
повреди;
службените лица
биле повредени
и
полициското
возило било
оштетено; наредбите
на
службените
лица биле одбиени
и нападот
продолжил и
по истрелите
испукани во
воздухот ...
20.
Документот
продолжил:
... одредени
медиуми и
граѓански
здруженија
ги минимизираат
или
игнорираат
објективните
околности и
одговорноста
на
напаѓачите и
индивидуалната
вмешаност на
секој од учесниците
во групата,
тенденциозно
укажувајќи
дека
полицијата
како цел ја
имала ромската
популација,
при што тие
не биле
водени од
етничката врска
на
напаѓачите,
туку само
одговориле на
конкретните
околности на
инцидентот ...
21.
Понатаму
било укажано
дека групата
од околу 20 до 30
Рома и
г-динот А.Б.,
поранешен
член на Собранието,
веднаш потоа
се собрале
пред
локалната
полиција.
(г) Извадоци
од исказите
земени на 12
декември 1998
година во
предистражната
постапка
против
првиот и
четвртиот
жалител
22.
Г-ѓа П.Ш.,
сопруга на
З.Ш. , која била
во возилото
за време на
инцидентот
изјавила, inter alia:
... Во меѓувреме,
еден од
учесниците
отиде во
ресторанот
каде Ромите
имале
свадбена
веселба и најверојатно
пренел лаги
(во врска со
инцидентот).
Огромна група
на луѓе
излезе од
ресторанот, предизвикувајќи
огромен хаос.
Кога полицајците
излегоа од
возилото, тие
почнаа да
маваат
камења и
други
предмети.
Коњска кола
се наоѓала во
близина и
едно лице им
давало на
групата
дрвени
стапови, за
да ги употребат
против
полицијата.
Би сакала да
напоменам
дека во
близина
стоеја жена и
дете пред
полицајците,
при што
мажите
стоеја позади
нив. Имаше
трудна жена
меѓу групата
од луѓе.
Мојот сопруг
ја извлече од
групата за да
не биде
повредена;
тој сопре
едно возило
кое ја однесе
во градската
болница...
(д) Извадоци
од исказите
земени на 2
март 1999 година
во
предистражната
постапка против
првиот и
четвртиот
жалител
23.
Првиот
жалител
изјавил,
меѓудругото:
... Додека
тој
[полицаецот]
ме водеше во
полициското
комби, се
направи
гужва поради
тоа што голем
број луѓе се
собраа. Во
тој момент, полицајците
испукаа 6
истрели во
воздух за да
ја разбијат
толпата. Не
видов
никакви
камења, шишиња
или парчиња
од дрво да
бидат фрлани
на возилото,
Кога
полицаецот
ми ја
ослободи раката,
тој се впушти
во групата со
палка. Јас
избегав и
заминав дома
...
24.
Опишувајќи
ги
околностите
во врска со
тепачката со
З.Ш.,
четвртиот
жалител
изјавил,
меѓудругото:
... додека
ја тргав
настрана С. ,
З.Ш. ме удри по
лице ... Мислам
дека беа
околу 40 или 50
луѓе на лице
место ...
(ѓ) Извадоци
од
записникот
од
расправата
од 22 октомври 1999
на судењето
на првиот и
четвртиот
жалител
25.
Четвртиот
жалител
изјавил, inter alia:
... не е
точно дека
тој [З.Ш.] не
удри никого.
Тој ме удри
мене со
неговиот
лакт во
градите и ме
повреди на
левото око.
Почувствував
интензивна
болка, најдов
шише и го удрив
З.Ш. по
главата ...
Имав крв во
окото од
ударот од З.Ш.
и не можев да
гледам ...
26.
Г-ѓа П.Ш. го
идентификувала
првиот
жалител како
еден од
напаѓачите
на нејзиниот
сопруг,
опишувајќи
го како лице
со долга
коса и облечен
во црно.
Првиот
жалител
потврдил дека
имал долга
коса и дека носел
црни алишта.
(ѓ) Извадоци од
записникот
од
расправата
од 25 октомври 1999
на судењето
на првиот и
четвртиот
жалител
27.
Г-дин Д.К.,
сведок,
изјавил ,
меѓудругото:
...
поголема
група на Роми
се собра ... тие
започнала да
фрлаат
камења и
шишиња на
полицајците
кои
пристигнаа
на лице
место. Мислам
дека еден од
полицајците
испали
истрели за да
ги разбијат ...
28.
Г-ѓа Н.Ј.,
сведок,
изјавила,
меѓудругото:
... З.Ш. прв го
удри Д.
(четвртиот
жалител) во
окото и дека
Д. го удри со
шише на
позадината
на главата ...
3.
Кривичната
постапка
против
првиот и четвртиот
жалител
29.
На 9
септември 1998
Министерството
поднело
кривична
пријава
против 4 лица,
вклучувајќи
го првиот и
четвртиот
жалител, за напад.
30.
На 28 април
1999 јавниот
обвинител
поднел обвинителен
акт до судот
поради
насилство
врз З.Ш.
согласно
член 386 од Кривичниот
законик. Било
нотирано во
обвинителниот
акт , inter alia, дека
околу 100 луѓе
биле сведоци
на инцидентот.
31.
На 8
ноември 1999
Основниот
суд Штип ги
прогласи за
виновни првиот
и четвртиот
жалител за учество
во тепачка и
ги осуди на 6 и 8
месеци казна
затвор,
соодветно. Го
ослободил од
обвинение
соучесникот
М.Ј., поради
неговиот
обид да ги
раздвои оние
кои биле
вмешани.
Судот разгледал
значителен
број на докази
вклучувајќи
и распит на
обвинетиот,
З.Ш. и неговата
сопруга;
доказ од
девет
сведоци и
двајца
доктори во
врска со
повредите на
З.Ш.; и
лекарска
белешка на
З.Ш. од 2 август
1998. Судот
утврдил дека
С.У., еден од
обвинетите,
го напуштил
ресторанот
околу 23.30 часот.
Со оглед на
тоа што бил
под дејство
на алкохол,
тој излегол
на улицата и
го сопрел возилото
во кое се
движеле З.Ш. и
неговата сопруга.
С.У. веднаш
започнал да
удира по возилото.
Кога З.Ш.
излегол од
возилото, С.У.
го нападнал
со
тупаниците и
го удрил.
Кратко потоа,
првиот и
четвртиот
жалител му се
придружиле,
удирајќи го
З.Ш. со
нивните тупаници
и стаклено
шише и го
удирале по
целото тело.
З.Ш. се здобил
со повреди на
главата,
посекотини
на прстот и
лактот,
гребаници на
лицето и
оштетени
осум заби.
Судот не ја прифатил
одбраната на
првиот
жалител дека
не бил
вклучен во
расправијата,
што било
спротивно на
доказите. Го
одбил
аргументот
на четвртиот
жалител дека
бил вмешан во
тепачката со
З.Ш. поради тоа
што истиот го
удрил во
окото, како
неоснован,
бидејќи не
биле
поднесени
докази и лекарски
белешки, како
потврда на
неговите
наводи.
32.
На 15
јануари 2000
првостепената
одлука
станала
конечна со
оглед на тоа
што не била
поднесена
жалба против
пресудата во
законски предвидениот
рок. Според
жалителите,
тие не се
жалеле
против
пресудата
бидејќи
недостатокот
на симпатии
од страна на
судијата во
врска со
нивните
наводи за
малтретирање
и постојано
заплашување
од страна на
полицијата,
им давала
мала надеж
дека тие би имале
било какви
изгледи за
успех во
жалбената
постапка.
4.
Кривична
истрага во
врска со
наводната
полициска
бруталност
33.
На 11
август 1998 жалителите
поднеле
кривична
пријава против
тортура до
Основното
јавно
обвинителство
Штип против
Министерството.
Во пријавата
било
наведено
дека по
тешачката со
З.Ш. поголема
група на
полицајци
пристигнала
и ги натепала
гостите во
ресторанот
со палките и тупаници
и ги удирале.
Жалителите
навеле дека следниот
ден некои од
гостите биле
врзани и
тепани во полициската
станица. Тие
исто така се
жалеле дека
истите
полицајци
употребиле
сила за да
извлечат
признание од
некои од нив,
во врска со
нивното
учество во тепачката
со З.Ш. Тие
истакнале
дека тие
поденеле
фотографии и
медицински
белешки како доказ
на нивните
наводи. Тие
исто така, го
поканиле
јавниот
обвинител да
земе искази.
34.
На 20
август 1998
жалителите му
доставиле на
јавниот
обвинител
други
фотографии
како доказ на
полициската
злоупотреба.
35.
На 2
септември 1998
тие поднеле
писмени
изјави во
врска со
настаните.
36.
Првиот
жалител
изјавил,
меѓудругото:
... [по моето
пуштање од
притвор]
сакав да отидам
на доктор, но
претпоставувајќи,
како и
останатите,
не бев примен
во болница.
Ние моравме
да ги трпиме
болките ...
37.
По
приемот во
болница,
третиот
жалител изјавил,
inter alia:
...
гинеколог ме
прегледа и ме
испрати дома.
Ми кажа да дојдам
на контрола следниот
вторник ...
38.
Четвртиот
жалител
изјавил, inter alia:
... Откако
бев пустен од
притвор,
отидов во Брзата
помош поради
тоа што
чувствував
неподносливи
болки во
целото тело.
Таму, одбија да
ми дадат
лекарска
помош поради
недостаток
на средства.
Ми беше
кажано дека
(медицинската
помош) за
повреди
здобиени во
тепачка мора
да се платат ...
39.
Петтиот
жалител
изјавил, inter alia:
... [по
моето
пуштање од
притвор] ... По
неколку часа,
отидов во
Медицинскиот
центар во
Штип поради
неподносливи
болки во
целото тело.
Тие не сакаа
да ме примат,
ниту ми
издадоа
лекарско уверение
поради тоа
што немав
средства да платам
( за
третманот) ...
40.
На 30
септември 1998
основниот
јавен
обвинител побарал
информација
во врска со
инцидентот
од
Министерството
преку
Јавниот
обвинител на
Република
македонија.
На 13 октомври 1998
Јавниот
обвинител на
Република
Македонија
го поднел ова
барање до
Министерството.
На 11 ноември 1998
локалната
полиција ги
поднела до
надлежните
органи на
централната
полиција
сите релевантни
документи во
врска со
инцидентот.
41.
Со оглед
на тоа што
основниот
јавен обвинител
не одговорил на
кривичната
пријава на
жалителите
скоро 7
месеци,
полномошникот
на
жалителите на
10 март 1999
доставил
допис до
Министерот
за внатрешни
работи,
информирајќи
го за предметот.
42.
Со оглед
на тоа што не
добиле
одговор од
Министерот
ниту од
основниот
јавен
обвинител, на
26 октомври 2000
жалителите
испратиле
друг допис до
истиот,
распрашувајќи
се за текот
на предметот.
43.
Во
дописот од 28
ноември 2000
основниот
јавен обвинител
одговорил
дека на 30 септември
1998 неговата
канцеларија
побарала од
Министерството
да превземе
чекори за
идентификација
на
прекршителите,
но не добиле
одговор.
44.
Жалителите
не добиле
информација
ниту потврда
за
дејствијата
кои биле
превземени
од страна на
надлежните
државно
јавнообвинителски
органи во
врска со
нивната
кривична
пријава за
тортура од
страна на
полициските
службеници.
II РЕЛЕВАНТНО
ДОМАШНО
ЗАКОНОДАВСТВО
45.
Одредби
релевантни
за овој
предмет беа
опишани во
пресудата за
Јашар (види
Јашар против
Република
Македонија, цитирана
погоре,, §§ 32-40, 15 Февруари 2007)
.
ПРАВО
I НАВОДНА
ПОВРЕДА НА
ЧЛЕН 3 ОД
КОНВЕНЦИЈАТА
46.
Жалителите
се жалеле
дека биле нападнати
и
малтретирани
од полициски
службеници и
дека немало
никаква
ефикасна
истрага во
врска со
нивните
неводи. Тие
се повикале на
член 3
од Конвецијата,
кој
определува:
Член 3
Никој не
смее да биде
подложен на
мачење, нечовечко
или
понижувачко
постапување
или
казнување.
1.Поднесоци
на странките
(i)
Владата
47.
Владата наведе
дека силата
употребена
од страна на
полицајците
за да се разбие
активниот
отпор на
големата
група на Роми
била разумна,
оправдана и
соодветна. Повикувајќи
се на
националното
законодавство,
тие наведоа
дека
полицајците
биле овластени
да употребат
физичка сила
кога било
строго
неопходно и
пропорционално
и доколку други
методи не се
покажале
како
ефикасни. Тие
изјавија
дека засегнатите
полицајци
употребиле
таков тип и
степен на
сила кои биле
апсолутно
неопходни да
се сузбие
активниот,
противзаконскиот
и директниот
отпор на
Ромите,
посебно што Ромите
не ја
почитувале наредбата
на
полицијата и
употребиле
опасни
предмети
(камења,
шишиња и
дрвени
стапови)
против
полицајците.
Тие понатаму
истакнаа
дека полицајците
првично имале
намера да го
смират
јавниот ред
без користење
на физичка
сила ( преку
употреба на
предупредување
и издавање
наредба) и
дека
примениле
само блага
форма на
присилни
средства (
вклучувајќи
употреба на
физичка сила
и гумени палки)
во вршењето
на својата должност.
Владата
заклучи дека
применливите
принципи во
врска со
употребената
сила биле
почитувани:
целта била да
се совлада
отпорот;
полицајците
употребиле
законска
присилна
мерка; силата
била
употребена
само поради тоа
што отпорот
не можел на
друг начин да
се совлада и
поради тоа
што било
потребно да
се дејствува
веднаш: и
дека мерката
била
употребена во
согласност
со законот и
траела толку
колку што
траеле
причините
кои ја
предизвикале.
48.
Владата
ги оспори
наводите на
првиот жалител
дека бил
тепан за
време на
полицискиот притвор,
за да го
призне
учеството во
тепачката со
З.Ш. Тие
истакнале
дека првиот
жалител не
успеал да ја
изнесе на
судењето
допуштеноста
на изјавата
дадена во
полицијата.
Тие се
расправаа,
понатаму,
дека на
Министерството
не му е потребно
признание
пред
поднесување
на
кривичната
пријава
против него,
поради тоа
што имало
други докази
за потврда на
обвиненијата
дека бил
вмешан во
тепачката.
Тие понатаму
истакнаа
дека
осомничениот
можел во
секое време
да ја повлече
својата изјава
дадена
претходно;
дека од
судовите се
бара да се
потпрат на
други докази
како потврда
на било какво
признание,
дека
исказите
дадени во преткривичната
постапка
пред другите органи
не може да се
употребат на
судењето; и
дека незаконски
добиен доказ
не може да
биде основа
за судска
одлука.
49.
Владата поднесе
дека првиот и
четвртиот
жалител се
здобиле со нивните
повреди во тепачката
со З.Ш., како
што било
утврдено од страна
на домашните
органи. Што
се однесува до
останатите
искази
дадени за
време на кривичната
постапка
против
првиот и
четвртиот
жалител, тие
останаа на
фактот дека
третиот
жалител,
претпоставувајќи
дека е тоа лицето
од
медицинската
белешка, ја
претрпело
само
утврдената
повреда,
гребаница на
главата, за
време на
нејзината
активна улога
во нападот на
полицијата.
Тие се
спротивставија
на нејзината
жалба дека не
и била обезбедена
лекарска
помош, што е
спротивно
на болничкото
досие. Тие
забележаа
дека вториот
и петтиот
жалител
биле уапсени
од
полицијата
поради
учество во
нарушување
на јавниот
ред, а не
поради
тепачка со
З.Ш. Согласно
медицинските
белешки, ниту
побарале
лекарска помош.
Во врска со
наводните
повреди што
ги здобиле
вториот и
петтиот
жалител, тие
истакнаа
дека тие
најверојатно
биле предизвикани
како
резултат на
употребата
на разумна
сила да се
совлада
нарушувањето на
јавниот ред ,
во кое тие
активно учествувале.
Тие
заклучија
дека ниту
јавниот
обвинител
ниту
истражниот
судија, кои
зеле искази
од
жалителите
по распитот
во
полицијата,
не забележале
никакви
повреди.
Доколку ги
забележале,
тие би
превзеле
соодветни
мерки.
50.
Во врска
со наводите
дека не била
дадена
лекарска
помош на
Ромите, ноќта
на
инцидентот или
во текот на
наредниот
ден, Владата
укажа на
домашното
законодавство
кое определува
дека било кој
повреден
како
резултат на
нивната
вмешаност во
сторувањето
на кривично
дело треба да
ги покрие лекарските
трошоци
поврзани со
третманот на
неговите
повреди, со
оглед на тоа
што таквите
трошоци не
биле
покриени од
Фондот за
здравствено
осигурување.
Во врска со
ова, Владата
заклучи дека
жалителите
требало да
платат за
лекарските
услуги, доколку
побарале
лекарски
преглед.
Поради овие
причини,
петтиот
жалител бил
одбиен за
медицинска
помош откако
медицинскиот
персонал
утврдил дека
неговите повреди
не го
загорзуваат
неговиот
живот и здравје.
Повикувајќи
се на нивната
резервираност
во врска со
идентитетот
на третиот
жалител
поврзано со
медицинското
досие, тие
наведоа дека
таа добила лекарска
помош со оглед
на тоа што
била примена
како итен
случај, и
покрај тоа
што било
побарано од неа
да ги плати услугите
поради причините
наведени
погоре.
51.
Во врска
со наводниот
недостаток
на ефикасна
истрага,
Владата
изјави дека
јавниот
обвинител ги
превзел
потребните
дејствија
спрема
Министерството,
но дека
последниот не
успеал да ја
обезебди
релевантната
информација. Како
Министерството
ги уништило
досиејата
после три
години, поради
неуспехот на
Министерството
одговорните
лица не можеле
да бидат
идентификувани.
(ii) Жалителите
52.
Жалителите
не се
согласија со аргументите
на Владата
дека
употребената
сила од
страна на
службените
лица била
неопходна и
пропорционална.
Укажувајќи
на нивната
верзија на
настаните,
тие
повторија
дека 10 полицајци
пристигнале
на лице место
и почнале да
ги тепаат
гостите на
ресторанот
без одредена
причина. Тие
се
спротивставија
на
аргументите
на Владата
дека
интервенцијата
била
оправдана
поради, inter alia, немотивираниот
и брутален
напад врз З.Ш.,
заради тоа
што
засегнатите
полицајци
пристигнале на
лице место по
тепачката и
поради тоа не
би можеле да
бидат свесни
за неговата
природа. Тие
понатаму
останаа на
фактот дека
кривичната
пријава
против
првиот и
четвртиот
жалител била
поднесена 2
месеци по
кривичната
пријава на
жалителите
до јавниот
обвинител.
Дотолку
повеќе, не
била
поведена
никаква
кривична
постапка во
врска со
наводното нарушување.
Жалителите
забележаа
дека
полицискиот
извештај содржел
многу
несогласности
во врска со
редот по кој
биле употребени
присилните
мерки: дали
истрелите
биле испукани
во воздух
пред или
после
превземањето
на други
присилни
мерки, кој ги испукал
истрелите и
колку
истрели биле
испукани. Тие
се расправаа
дека
употребата на
оружје била
непропорционална
и непотребна,
поради тоа што
полицијата
употребила
палки и
физичка сила
против жени и
деца, кои
биле во прв
ред за време
на нападот и
во директен
контакт со
засегнатите
полицајци.
53.
Првиот
жалител
изјавил дека
тој го поставил
прашањето за
полициска
бруталност
уште за време
на притворот,
но дека
судијата не
дал тежина на
неговите
искази.
Повикувајќи
се на извештаите
на
организациите
за човекови
права, жалителите
истакнале
дека била
пракса во
Република
Македонија,
судиите и
јавните
обвинители
да ги игнорираат
ситуациите
во кои имало
чисти и
бројни
индикации
дека
предметот на
јавното
обвинителство
се засновало
на со сила
земено
признание.
Тие исто така
укажаа на неконзистентности
во
извештаите
на
полицијата
во врска со
тоа кој бил
задржан во
полициската станица.
54.
Понатаму,
жалителите
ја критикувале
политиката
на државата
за медицинска
помош во
предметите
како овој.
Тие го сметале
за не етички
фактот што медицинскиот
персонал е
ставен во
позиција во
која тие
одлучуваат дали
ќе пружат
услуга
заснована на
вината или
невиноста на
оние кои се
засеганти.
Посебно, тие
сметаат дека
е упадливо
тоа што
полицајците
ја добиле
неопходната
медицинска
помош и им
биле
издадени лекарски
уверенија.
55.
Жалителите
истакнале
дека
полицијата
ги повредила
нивните
сопствени
правила
поради тоа
што не успеале
да им обезбедат
медицинска
помош на оние
кои претрпеле
повреди како
резултат на
употребата на
сила. Како
дополнение,
тие укажаа на
неконзистентноста
на тврдењата
на Владата дека
оние кои биле
уапсени или
вмешани во
тепачката не
побарале
медицинска
асистенција,
додека во
исто време
признаваат
дека третиот
и петтиот
жалител го
побарале тоа.
56.
Што се
однесува до
наводното
учество на третиот
жалител во
нарушувањето
на јавниот
ред и повредите
кои таа ги
здобила, беше
наведено дека
не може со
сигурност да
се утврди
дали таа била
трудната жена
на која
укажале
сведоците во
нивните искази.
Жалителите
останаа на
фактот дека можно
е да имало
повеќе од
една трудна
жена во
групата од 60 80
луѓе.
57.
Тие не се
согласија со тврдењата
на Владата
дека вториот
и петтиот
жалител се
здобиле со
нивните
повреди само
како
резултат на интервенцијата
на
полицијата
за да го
совлада
отпорот на
групата, кои ,
согласно
извештаите
на
полицијата, биле
задржани во
полицијата.
Дури и да се
претпостави
дека сите
жалители,
освен третиот,
се здобиле со
одредени
повреди пред
да бидат
однесени во
полициската
станица на
распит, не ја
исклучува
можноста
дека тие биле
малтретирани
за време на
нивниот
распит во
полициската
станица.
58.
Во врска
со
процедуралната
обврска
согласно
член 3,
жалителите
изјавиле
дека јавното
обвинителство
на
одговорната
држава не
успеало да
превземе
било какво
дејствие за
идентификација
на сторителите
или да ги
истражи
нивните наводи
за
малтретирање.
Поради тоа
што јавниот
обвинител
формално не
ја отфрлил
нивната
кривична
пријава, тие
не биле во
можност да
иницираат
постапка
како
субсидијарни
тужители.
Уште повеќе,
тие истакнаа
дека
домашните правила
за внатрешна
истрага за
употреба на
сила не биле
почитувани,
бидејќи
никаква комисија
не била
формирана во
рамките на Министерството
за да го разгледа
инцидентот и
покрај тоа
што била употребена
сила против
неколку
лица.
59.
Во
нивните
дополнителни
опсервации,
тие се повикуваат
на
извештајот
на Европскиот
Комитет за
превенција
од тортура и
нечовечко и
деградирачко
однесување и
третман (CPT/Ing (2006)36),
кој укажува
на слични
проблеми
поврзани со
наводите за
полициска
бруталност.
ЕРРЦ исто
така обезбеди
извештај во
врска со
третманот на
Ромите во Република
Македонија и
наводниот
недостаток
на ефикасни
истраги за
тврдењата за
малтретирање.
2.Оценка
на Судот
(а) Суштински
аспекти:
наводно
нечовечко и
понижувачко
однесување
(i) Генерални
принципи
60.
Генералните
принципи кои
се
релевантни
во конкретниот
предмет и
наведената
судска
пракса се
дадени во
предметот на Јашар
(види пресуда
Јашар,
цитирана
погоре, § § 46-49).
(ii) Примена
на овие
принципи во
конкретниот
предмет
61.
Судот го
смета за
неспорно
дека неколку
гости во
ресторанот,
вклучувајќи
и дел од жалителите,
биле вмешани
во тепачка на
улицата со
З.Ш.,
поранешен
шампион во
борење и фитнес
интруктор во
локалната
полицијата.
Првиот и
четвртиот биле
осудени за
учество во
тепачка (види
точка 31,
погоре). Тоа
била таа тепачка
поради која
била
повикана
полициска интервенција.
62.
Странките
обезбедија
два различни
текови на
настани
повразни со
полициската
интервенција.
Согласно
жалителите,
веднаш
откако започнала
тепачката,
околу 10
полицајци
пристигнале
и започнале да
ги тепаат
гостите во
ресторанот.
Вториот,
четвртиот и
петтиот
жалител биле
однесени во
полициската
станица, каде
наводно тепањето
продолжило.
Следниот ден,
како
резултат на
претходните
покани од
полицијата,
првиот
жалител
отишол во
полицијата
каде наводно
бил тепан од
страна на
шест
полицајци.
Лицата кои
биле повредени
во
полициската
рација
наводно биле
одбиени за
медицинска
помош во
локалната
болница, поради
тоа што
немале пари
да платат за
услугите.
63.
Согласно
верзијата на
Владата за
настаните, по
добиениот
повик во полиција
во врска со
тепачката, тројца
полицајци
пристигнале
на лице место.
Како што се
собрала
поголема група
од околу 60-80
Роми и
спречиле
апсење на
првиот
жалител,
друга
патрола од 5
полицајци
пристигнала.
Неколку
истрели биле
пукани во
воздух
поради тоа
што толпата
почнала да
фрла камења,
шишиња и
други предмети
врз нив и врз
полициското
комби. И покрај
предупредувањето,
толпата
продолжила
со нападот.
Тогаш,
засегнатите
полицајци
употребиле
гумени палки
за повторно
да воспостават
ред.
64.
Земајќи
го во предвид
материјалот
што претходи,
Судот го
смета за
непобитно
дека не биле
издадени
лекарски
уверенија на
име на жалителите,
кои би
обезбедиле
повеќе
детели во
врска со било
каква повреда,
причината и
потеклото за
нивно предизвикување.
Објаснувањето
на
жалителите беше
дека ним им
бил одбиен
лекарски
третман
поради
недостаток
на средства
за плаќање на
медицинските
услуги (види
точка 9
погоре). Исказите
на Владата во
оваа насока
беа повеќе
неконзистентни:
прво, тие
наведоа дека
согласно
домашното
законодавство,
лице кое е
повредено
поради
негово или
нејзино учество
во кривично
дело, било
обврзано да
плати за
лекарскиот
преглед (види
член 50 погоре);
второ, тие
тврдеа дека
ниту еден од
вмешаните
лица во
инцидентот,
вклучувајќи
го вториот и
петтиот
жалител, побарале
медицинска
помош (види
точка 13 и 49 погоре);
трето, дека
петтиот
жалител
одбил медицинска
помош откако
било
утврдено
дека неговите
повреди не го
загрозуваат
неговиот
живот или здравје
(види точка 50
погоре); и
четврто, тие
потврдија
дека
трудната
жена била
примена и прегледана
во болница по
инцидентот,
но дека името
на друго лице
било
запишано во
медицнското
досие ( види
точка 14 и 49 погоре).
Тие понатаму
наведоа дека,
дури и да се
претпостави
дека досието
се однесува
на третиот
жалител, таа морала
да ја претрпи
само
утврдената
повреда,
гребаница на
главата, за
време на
нејзиното
активно
учество во
нарушувањето
на јавниот
ред. Во овој
контекст,
Судот
забележува
дека биле
дадени различни
верзии за
начинот како
ова лице дошло
во болницата
(види точка 8, 14 и
22 погоре).
65.
Судот
понатаму
забележува
дека првиот
жалител не
побарал
медицинска
помош (види
точка 36
погоре). Во
текот на
кривичната
постапка
водена
против него,
четвртиот
жалител
константно
тврдел дека
бил удрен од
З.Ш. во
градите и
околу окото.
Странките
дадоа
различни објаснувања
како наводно
настанале
повредите
кај вториот и
петтиот
жалител. Од
фотографиите
за повредите
на
жалителите (види
точка 11
погоре),
Судот не може
да утврди под
какви
околности
тие
настанале.
66.
Владата,
исто така,
наведе дека
полицијата прибегнала
кон физичка
сила за да го
угуши нарушувањето
и да
воспостави
ред. Покрај
неконзистентноста
поврзана со
бројот на
истрели, ниту
една страна
не се
противеше
дека истрелите
биле
испукани во
воздух за да
се разбие
толпата (види
член 12, 16, 23 и 52
погоре). Исто
така е
неспорно
дека
поголема
група на луѓе
и полицајци
биле вмешани
во
инцидентот.
Согласно
полициските
досиеја во
врска со
инцидентот,
биле фрлани
камења, шишиња
и други
предмети врз
полицајците
и било
уништено
полициското
возило. Под
овие околности,
Владата
наведе дека
употребата
на сила била
апсолутно
неопходна,
оправдана и
пропорционална.
Како и да е, се
забележува
дека не била
покрената
никаква
кривична
постапка
против
жалителите
за нивната
наводно вмешаност
во
нарушувањето
на јавниот
ред и мир.
67.
Земајќи
ги во предвид
несогласностите
споменати
погоре и
недостаток
на цврсти докази
за наводните
повреди на
жалителите,
Судот не
најде
убедливи
елементи кои
би ги
поткрепиле
наводите на жалителите
за
малтретирање. Дури и
да се
претпостави
дека, како
што укажа
Владата,
одредени
повреди би
можеле да бидат
здобиени
како
резултат на
полициската
интервенција,
Судот не може
да утврди,
врз основа на
предметното
досие, дали
била употребена
претерана
сила од
страна на
полицијата,
за да се
смири
нарушениот
ред.
Понатаму, Судот
најде како
несуштинско
дека
жалителите
се здобиле со
такви
повреди поради
одбивањето
да ги
лекуваат без
одредена
исплата на
средства во
болницата,
само по себе укажува
на повреда на
член 3.
68.
Како заклучок,
поради тоа
што доказите
пред истиот
не
дозволуваат
Судот да
најде, над
основаното
сомневање,
дека
жалителите
биле
малтретирани,
дали на лице
место или за
време на
притворот во
полициската
станица, или
дека
употребената
сила против
нив била претерана,
Судот смета
дека не
постојат суштински
докази за да
се заклучи
дека постои
повреда на
член 3 од
Конвенцијата
во врска со
наводното
малтретирање.
(б)
Процедурални
аспекти:
наводен
недостаток
на ефикасна
истрага
(i)
Генерални
принципи
69.
Судот
повторува
дека, кога
поединец
дава веродостојна
изјава дека
претрпел
третман
спротивен на
член 3 од
страна на
полицијата
или други
слични
државни
службеници,
таа одредба,
гледана во
врска со
генералната
обврска на
државата под
член 1 од
Конвенцијата
на сите лица
под нивна
надлежност
да ги
обезбеди
правата и
слободите
утврдени во ...
Конвенцијата
подразбира
дека
ефикасна
официјална
истрага мора
да има. Во
врска со
истрагата
под член 2,
таква
истрага
треба да е во
состојба да
доведе до
идентификација
и казнување на
одговорните
лица. Инаку,
генералната
законска
забрана за
тортура и
нечовечко и
деградирачко
однесување и
казна, покрај
нејзината
основна
важност, во
пракса би била
неефикасна и
би било можно
во одредени
случаи
државните
службеници
да го
злоупотребат
тоа право, без
никаков
ризик да
бидат казнeти.
70.
Истрагата
во врска со
сериозните
тврдења за
малтретирање
мора да биде темелна.
Тоа значи
дека надлежните
органи
мораат да ги
превземат
сите разумни
чекори кои им
се на
располагање,
за да ги
обезбедат
доказите во
врска со инцидентот,
вклучувајќи
ги,
меѓудругото,
исказот на
сведокот и
вештачењето. Било
каков
недостаток
во истрагата
кој се однесува
на
способноста
за да се
утврди причината
за повредите
или
идентитетот
на
сторителите
би бил ризик
за
неисполнување
на овој
стандард.
71.
Истрагата
мора да биде експедитивна.
Во случаите
под член 2 и 3 од
Конвенцијата,
каде
ефикасноста
на
официјалната
истрага е предмет
на
разгледување,
Судот
честопати
цени дали
надлежните
органи постапувале
соодветно на
жалбите во
тој релевантен
период (види, пресудата
Јашар, § § 55-57, и
одредбите
читирани
таму).
(ii) Примена
на овие
принципи во
конкретниот
предмет
72.
Судот
смета дека
адвокатот на
жалителите
поднел
кривична
пријава 9
дена по
инцидентот, во
врска со наводната
полициска
бруталност.
Тој го повикал
јавниот
обвинител да
земе исказ од
сведоците и
засегнатите
страни и
доставените
фотографи од
повредите на
жалителите и
медицинска
белешка како
доказ. При
вакви
околности,
Судот е
задоволен
што ваквата
пријава
покренала
барем
разумно сомневање
дека
наводните
повреди на
жалителите
би можеле да
бидат
предизвикани
од страна на
полицијата
како што
тврделе жалителите,
кое
гарантира
истрага од
страна на
надлежните
орган во
согалсност
со барањата
од член 3 од
Конвенцијата.
Како такви,
јавниот обвинител
имал оврска
да истражи
дали такво кривично
дело било
сторено. Како
и да е, тој не
превзел
никакви
истражни
дејствија по добивањето
на кривичната
пријава,
независно од
поднесеното
барање до
Министерството
за
превземање
на
дополнителни
известувања
(види точка 40
погоре). Тој
не превзел мерки
за
идентификација
на
полицајците
кои биле
инволвирани
во рацијата,
ниту пак дали
имало
сознанија за
тоа дали
одредени
сведоци или
полицајци
биле
испрашани во
врска со инцидентот.
Не било
утврдено
дали
постоело
можно
оправдување
за физичката
сила која била
употребена
против
жалителите.
Како заклучок,
јавниот
обвинител не
превзел никакви
чекори да
најде било
каков доказ
за потврдување
или отфрлање
на наводите
на
жалителите.
73.
Дополнително,
неактивноста
на јавнот обвинител
ги спречила
жалителите
од превземање
на истрагата
како
субсидијарни
тужители и ги
псречил во
дополнителната
можност за
утврдување
на нивните
наводи во
рамките на
кривичната
постапка.
Жалителите
сеуште се спречени
да ја
превземат
истрагата,
поради тоа
што јавниот
обвинител
сеуште нема
донесено
одлука да ја
отфрли
кривичната
пријава (види
пресуда
Јашар,
цитирана
погоре, § 59).
74.
Согласно
ова, Судот
заклучи дека
не била спроеведена
истрага во
врска со
тврдењата на
жалителите
дека се здобиле
со повреди од
страна на полицијата.
Следствено,
Судот утврди
дека, во овој
поглед,
постои
повреда на
член 3 од Конвенцијата.
II
ПРИМЕНА НА
ЧЛЕН 13 ОД
КОНВЕНЦИЈАТА
75.
Жалителите
се жалеле дека
немале на
располагање
ефикасно
правно
средство
против
неуспехот на
домашните органи
ефикасно да
ги истражат
нивните наводи
за
малтретирање
во
согласност
со член 13 од Конвенцијата.
Член 13 гласи,
како што
следи:
Секому
кому правата
и слободите
гарантирани
со
Конвенцијата
му се
повредени ќе има
на
располагање ефикасно
правно
средство
пред домашен
орган, без
оглед што
повредата
била сторена
од службени
лица.
76.
Во
дополнителните
опсервации,
жалителите
истакнаа
дека
недостатокот
на ефикасно
правно
средство во
домашниот
правен
систем
против неактивноста
на јавното
обвинителство
предизвикало
посебна
повреда на
член 13 во
врска со член
3 од
Конвенцијата.
Неуспехот на
јавниот
обвинител да
постапи по поднесената
кривична
пријава ги
спречило да
имаат
пристап до
судската
постапка со
цел да се
здобијат со
завршница во
врска со
повредата на
нивните
права согласно
член 3 од
Конвенцијата.
77.
Земајќи
ги во предвид
основите врз основа
на кои се
утврди повреда
на
процедуралниот
аспект на
член 3, Судот смета
дека не треба
да се покрене
посебно
прашање во
врска со член
13 од
Конвенцијата
(види пресуда
Јашар,
цитирана
погоре, § 62).
II ПРИМЕНА
НА ЧЛЕН 41 ОД
КОНВЕНЦИЈАТА
78.
Член
41 од
Конвенцијата
пропишува:
Кога
Судот ќе
оцени дека
постои
повреда на Конвенцијата
или на протоколите,
и доколку
внатрешното
право на засегнатата
Висока
договорна
страна овозможува
само делумна
репарација
на штетата, тогаш
доколку е тоа
неопходно,
Судот ќе му додели
правична
оштета на
оштетениот.
А.
Штета
79.
Жалителите
барале 20.000 ЕВРА
за секој жалител
поединечно во
врска со
нематеријалната
штета за болки,
физички
повреди,
фрустрација,
несоница и изнемоштеност
кои го
претрпеле
како
резултат на
малтретирањето
од полицајците,
која се
случила кога
биле во многу
ранлива
позиција,
поточно биле во
нивна милост.
Тие исто така
укажале на
недостатоците
на
конкретната
истрага
спроведена
од страна на
надлежните
органи.
Жалителите
понатаму,
укажале на
нивното
ромско
потекло,
потенцирајќи
дека нивниот
предмет не е
единствен во
Република
Македонија.
На крај, тие
побараа од
Судот да ја
земе во
предвид наводната
систематска
природа на
повредата
при
утврдувањето
на
нематеријалната
штета, и
истакнаа
дека
определувајќи
поголема сума
ќе се влијае
на
одговорната
Влада да
завземе појак
став против
полициската
бруталност
врз Ромите во
иднина.
80.
Владата
даде
приговор на
барањата на
жалителите
како
претерани и
неосновани.
Тие истакнаа
дека
жалителите
не биле
малтретирани
од
полицијата,
но дека
употребата
на сила била
неопходна и
оправдана, со
цел да се воспостави
ред, нарушен
од страна на
поголема
група на
Роми, вклучувајќи
ги и
жалителите. И
покрај тоа
што кривичната
постапка
била сопрена
без никаков
резултат,
Владата го
повика Судот
да смета дека
евентуално
утврдување
на повреда,
би било
доволна
компензација
за било каква
штета. Како
алтернатива,
тие побараа
од Судот да
утврди износ
на правична
оштета врз основа
на судската
пракса и
економската
ситуација во
државата.
81.
Судот
утврди дека
однесувањето
на надлежните
органи на
одговорната
држава е во
спротивност
со член 3 во
врска со
нивниот
неуспех да ги
истржат
наводите на
жалителите
за полициска
бруталност. Не
утврди
повреда на
суштината на
таа жалба.
Судот смета
дека
утврдувањето
на повреда на
член 3 според
неговиот
процедурален
аспект, не
може да се смета
во овие
околности дека
ќе создаде
само по себе
доволен
правичен
надомест за
било каква
нематеријална
штета.
Правејќи
оценка на
рамноправна
основа, му
доделува на
секој
жалител
износ од 3.000 ЕВРА,
плус било
каква такса
која би
можела да
биде
наплатена.
Б.Трошоци
и надоместоци
82.
Жалителите
побараа 3.363,5
ЕВРА за
трошоци и надоместоци
сторени од
страна на
ЕРРЦ во
нивната
постапка
пред Судот.
Ова вклучува
такса за еден
адвокат на
ЕРРЦ кој
поминал 59.7
работни часа
на предметот
и трошоците
за нивните
патувања во
Република Македонија.
Распоред на
таксата и
временската
рамка за
актвинсотите
на ЕРРЦ
помеѓу 20
јануари и 10
март 2006 и
помеѓу 11 и 15 мај
2007 беше
доставена. Не
беше
доставена
никаква
фактура за
патните
трошоци. ЕРРЦ
побара таксата
директно ним
да им биде
платена, поради
тоа што
жалителите
не им
обезбедиле
никаква
финансиска
подршка за
време на
постапката и истите
ја поднеле
нивната банкарска
сметка.
83.
Владата
истакна дека
износите
побарани од
ЕРРЦ биле
претерани и
не биле
соодветно поткрепени
со детали и
документи.
84.
Во согласност
со
востановената
судска пракса,
жалителот
има право на
надомест за
неговите
трошоци
доколку било
докажано
дека истите
фактички се
направени,
неопходно
сторени и
биле разумни
(види Editions Plon v. France, бр.58148/00,
§ 64, ЕСЧП 2004-IV). Во конкретниот
предмет и
забележувајќи
дека жалителите
успеаја само
во еден дел
од нивната
жалба, Судот
им досудува 2.000
ЕВРА да ги
покрие
нивните трошоци
и
надоместоци.
Овој износ да
биде платен
на банкарската
сметка на
ЕРРЦ.
В.
Законска
камата
85.
Судот
смета за соодветно
дека
затезната
камата треба
да се исплати
според
најниската
каматна стапка
за позајмени
средства на
Европската Централна
Банка, на
која треба да
се додадат 3%.
ПОРАДИ
ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ
ПРИЧИНИ,
СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
(а) дека
одговорната
држава треба
да му плати
на жалителот,
во рок од 3
месеци од
конечноста
на пресудата,
во
согласност
со член 44 § 2 од
Конвенцијата,
следните
износи, кои
треба да
бидат конвертирани
во
националната
валута на
одговорната
држава по
курс на
денарот на
денот на
исплатата
(i) ЕВРА 3.000 (три
илјада евра) на
секој
жалител за
нематеријална
штета
(ii) ЕВРА 2.000 (две
илјади евра)
за трошоци и
надоместоци,
кои треба да
се платат на
банкарската
сметка на
полномошникот
на
жалителите
во Унгарија,
ЕРРЦ.
(iii) било
какви такси
кои би можеле
да бидат наплатени
на
горенаведените
суми;
(б) по истек на
рокот од 3
месеци
спомнат
погоре, во
кој треба да
се исплати
сумата, ќе се
засметува
камата на споменатиот
износ, по
стапка
еднаква на
најниската
стапка за
позајмени
средства на Европската
Централна
Банка, за
периодот до плаќањето
плус 3%.
Изготвена
на англиски,
и објавена на
10 април 2008,
согласно
член 77 §§ 2 и 3 од
Деловникот
за работа на
Судот.
Claudia Westerdiek Peer Lorenzen
Секретар Претседател